ВИДЕО – Колоски : Потребно е формирање Народно собрание што ќе вклучува луѓе од Татковината и дијаспората

Дефинитивно треба формиирање на Народно собрание што ќе вклучува луѓе од татковината и дијаспората и заедно да градиме стратегија за иднината, но исто така потребно е да го поддржиме глобалното движење „Ние сме Македонија“. Ова денеска во Прилеп го изјави Мето Колоски, претседателч на Обединетата Македонска Дијаспора. Тој додаде дека државата е на народот, народот бил тој што одлучува за иднината на државата, а дијаспората била тука да помогни околу сите битни прашања што ги засегаат Македонците.

 

 

„Имавме скоро 40 протести низ светот во рок од два месеци и видовте во Австралија колку народ се собра, видовте во Скопје. Благодарејќи на многу луѓе тука од Прилеп и на младите кои излегоа на тие протести, бидејќи иднината останува на младите и оваа држава останува на младите и ние треба да видиме каде ќе ја оставиме државата за тие млади и како и се надеваме дека тие ќе ја водат на правилен пат. Тука сме да поддржиме, да соработуваме еден со друг, така да верувам дека народното собрание ќе продолжи во бранење на интересите на РМ и македонскиот народ“, изјави Колоски.

 

Колоски ги повгтори ставовите дека тие се против промена на уставното име, повлекување на законот за двојазичнот, поддршка на унитарниот карактер на државата и непроменувањето на уставот.

 

„Прво името. ОМД веруваме дека мнозинството на народот не сака и нема да прифати промена на уставното име. Бара македонската Влада, но не само македонската Влада туку сите партии македонски да се согласат да се прекинат преговорите. Тука бараме надпартиска платформа, нашите црвени линии. За жал македонските партии тактизираат со иднината на државата со ова прашање. Исто така со Законот за јазици, кој е противуставен закон. Тој закон го сменува карактерот на државата. Ние не поддржуваме промена на унитарноста, суверенитетот на Република Македонија и ќе се бориме на тоа прашање. Од јули месец нашата организација се има изјаснето против тој Закон за јазици и ќе продолжиме и го охрабруваме претседателот да продолжи и да не го потпишува тој закон, да не влези во употреба. Но исто така треба и македонската нација и државата тука да сватат дека дијаспората е огромен потенцијал за државата и сакаме да ја гледаат дијаспората како партнер во градењето на иднината на државата“, додаде Колоски.

 

Гоце Стефаноски пак од Прилеп изјави дека идејата за формирање на Народно собрание која потекнала од Прилеп била добро прифатена во сите градови на Македонија.

 

„Македонското народно собрание има поддршка од сите Македонци во Македонија и надвор во дијаспората. Тоа значи всушност обединување на цел македонски народ. Не го даваме името, не го даваме јазикот. Македонскиот е официјален јазик во Република Македонија. Ние сме за унитарна Македонија. Во сите градови во Македонија ќе се организираат народни парламенти кои ќе имаат свои претставници во државниот Парламент“, потенцираше Стефаноски.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien