ВИДЕО – Нов заеднички тренинг на џудо клубовите Бушидо, Сеишин и Ипон

Вчера се одржа нов заеднички тренинг на прилепските џудо клубови Бушидо, и Сеишин со скопскиот џудо клуб Ипон. Овој пат домаќин беше џудо клубот Сеишин. Тренерите на клубовите истакнаа дека овие заеднички тренинзи, кои планираат да ги имаат се почесто во периодот кој следува, помагале во размената на искуства и идеи кај младите џудисти.

 

 

„Минатата недела имавме викенд тренинг со прилепските клубови. Годинава планираме секој слободен виикенд да го искористиме за заеднички тренинзи со џудо клубовите низ Македонија. И овој викенд дојдовме повторно во Прилеп. Тука сме моментално џудо клубовите Бушидо, Ипон, Сеишин и новиот клуб Санкаку. Се надеваме дека ќе продолжиме со соработката, планираме да направиме тренинзи и со џудо клубот Пролетер од Прилеп, како и клубовите од Битола и секако сите овие клубови вклучувајќи ги прилепските клубови да дојдат кај нас на гости. Целта е да се подобри комуникацијата помеѓу џудистите и да се дружиме помеѓу себе“, истакна Горан Мицкоски, тренер на џудо клуб Ипон од Скопје.

 

Крајната цел на овие тренизни секако била понатамошно стекнување на што е можно подобри резултати како дома, така и на меѓународно ниво.

 

„Секако дека овие размени на искуства и овие тренинзи кои се организирани од наша страна ќе вродат со плод, ние се надеваме на што поголеми резултати како на републичко, така и на меѓународно ниво. Џудо клубот Сеишен денеска ја презема иницијативата на домаќин, како што беше претходно договорено со другите џудо клубови соработници. Она што го замисливме започнуваме да го реализираме. Ова е втор заеднички трениг. Циклусот нема да застане тука, сега наредната недела имаме друг домаќин, така што се што сме се договориле планираме да го исполниме, а се со една цел меѓусебна соработка, дружење на самите спортисти подобро запознавање и крајната цел ни е постигнување на што подобри резултати. Само на ваков начин може да се постигнат врвни резултати на нашите спортисти“, изјави Дејан Мицкоски, тренер на џудо клуб Сеишин.

 

 

Од џудо клубот Бушидо кој во изминатиов периодм имаше одличнии резултати на меѓународно ниво велат дека Прилеп моментално е расадник на џудото во Македонија.

 

„Овде децата се запознаваат помеѓу себе, ги нема оние монотони тренинзи кои ги имаме секојдневно во клубовите затоа што веќе сите се познаваат помеѓу себе таму, сега се разменуваат искуства, идеи, се со цел за поголем напредок на џудото и нивен личен напредок. Во Прилеп имаме најголем интерес кај младите за овој спорт. Во градот функционираат сега 5 клубови, се надевам дека сите овие клубови ќе бидат доста добри пријатели, а после тоа и добри конкуренти. Прилеп моментално е расадник на џудото во Македонија. Џудото ги оформува младите како личности, добиваат карактер, добиваат пред се разум и силина кои би ги искажале понатаму во својот живот“, истакна Рубин Пеески, тренер на џудо клуб Бушидо.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи