Ердоган, Путин и Рохани се согласија за траен прекин на огнот во Сирија

Facebook
Twitter
Email
Print

Претседателите на Турција, Русија и Иран денеска на состанокот во Анкара се заложија да соработуваат со цел постигнување на траен прекин на огнот во Сирија.

 

Реџеп Таип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рохани ја потврдија „решителноста за активна соработка поради траен прекин на огнот помеѓу завојуваните страни“ се наведува во соопштението.

 

Во заедничката изјава на Ердоган, Путин и Рохани од тристраната средба во Анкара, се повикува меѓународната заедница и, посебно, ОН да ја зголемат помошта за Сирија, односно да испратат дополнителна хуманитарна помош, да придонесат во активностите за деминирање, обнова на инфраструктурните објекти, вклучувајќи ги и социјалните и економските, и да се зачува историското наследство.

 

Во текстот уште се наведува дека трите земји ќе продолжат да соработуваат во борбата против терористичките организации Исламска држава и Ал Каеда, како и групите поврзани со нив.

 

Претседателите на Турција, Русија и Иран ја потврдија својата решеност да продолжат со активна соработка во Сирија за да постигнат траен режим на прекин на огнот. Тие уште побараа од сите страни во сирискиот конфликт да се придржуваат кон Резолуцијата 2401 на Советот за безбедност на ОН за прекин на огнот низ целата земја.
Следната тристрана средба ќе се одржи во Иран, на покана на Рохани.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи