Започна крпењето на ударните дупки

Општина Прилеп започна со акција за санација на ударните дупки на сите градски сообраќајници и патишта на територија на општината. Освен тоа на одделни сообраќајници се става тампон, a pаралелно течат активностите и за поплочување на улиците со бекатон плочки.

 

„Оваа недела започнавме со корекција на ударните дупки и санација на улиците и патиштата. Се санираат дупки  во моментот на повеќе места, пред ОУ „Добре Јованоски“, на улицата Мице Козар, во населба Точила… Ова е времено санирање на улиците со бекатон и тампон, до пуштањето во работа на асфалтните бази после што сите ударни дупки и прокопи ќе се асфалтираат. Во моментов работиме и на паркинг просторот кај гробиштата,  во пресрет на велигденските празници со цел да обезбедиме непречено паркирање на возила, зашто во тој период посетеноста на граѓаните е голема“, изјави Александар Здравески раководител  на ДООЕЛ „Пела Транс“.

 

 

Активно работат и екипите на ЈКП „Комуналец за чистење и разубавување на градот. Се работи во сите населби. Посебно внимание се обрнува на парковите и одржувањето на зеленилото. Во исто време мијат улиците со цистерни.

 

„Поголеми активности се преземени во косење и генерално уредување на парковите и  тревниот дел на градската река. Се косат и уредуваат  парковите во сите населби, се уредуваат  алеите низ  двосмерните улици и се кастри и обликува зеленилото, а ќе се засадува и цвеќе  на повеќе локации низ градот“, велат од ЈКП „Комуналец“.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи