ВИДЕО – Гоце Бумбароски – уникатниот наставник чии ученици наместо дома би седеле по цел ден на училиште

Некој пее, друг црта, трет лепи на хамер. Седат на нестандарден начин, слушаат музика, може да станат од место кога сакаат, да го прашаат наставниот што сакаат. И сите знаат се. Главен виновник за оваа креативна и уникатна настава е секако наставникот Гоце Бумбароски од ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп.

 

 

„Потребите на учениците се многу поважни од потребите од се наоколу. Учениците самите раскажуваат, самите го водатт часот и ја чувствуваат тежината, но и благодетот да се биде наставник“, вели наставникот Гоце Бумбароски.

 

За потребите на наставата често пати предавањата се одвиваат и надвор од училницата,

 

„Јас сум им другарче од училиште. Сепак можам да кажам и дека сум им втор родител ии се грижам за нив, бидејќи и самиот сум родител“, додава Бумбароски.

 

 

Кога се гладни дури и јадат, но сепак со учење.

 

„На пример јадевме пица и тоа беше на часот по математика кога учевме за дропки. Ја делевме пицата на половини, четвртини и итн..“, раскажува Бумбароски.

 

 

Училницата располага со сопствена библиотека, а имаат и сопствен видео бим. Се што има оваа училница е донација на родителите. Тука и скоривањата се нестандардни.

 

„Посегнувам во оваа кутија со дрвении стапчиња на коии се ииспишани имињата на сите ученици и тој ученик што ќе го извлечам тој одговара. Прашањето е однапред поставено, ученикот треба само да го одговори“, вели Бумбароски.

 

„Јас со нетрпение чекам да дојдам на училиште бидиејќи наставникот секоја тема ни ја прави многу интересна“, вели Георгина Стојанова, ученик.

 

„Секогаш има некаква забава, нешто ново се случува постојано на предавањата“, рече Стефан Талески, ученик.

 

 

 

 

За Велигден ученииците организираа панаѓур на кој ги продаваа своите ракотворби, а со собраните средства купуваат работи за училницата.

 

„Децата доаѓаат радосни на училиште и сакаат што е можно повеќе да се задржат на училиште. Ако има нешто дополнително со радост прифаќаат“, вели Љубица Димоска, родиител.

 

Бумбароски вели дека потребни се реформи во образовниот процес.

 

„Затоа можеби моите учениции се вакви какви што се, затоа се она што се“, нагласува Бумбароски.

 

Класот на Бумбароски засега можеби единствениот клас каде никој ученик не сака да си оди дома или пак да има скратени часови.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи