ВИДЕО – Вработените во „Еурокомпозит“ планираат да поднесат колективна оставка

И денеска втор ден вработените во Ерукомпозит го блокираа патот Прилеп-Скопје. Велат дека никој не сака да ги слушне ниту пак им се јавил. Револтирани се од вчерашната изјава на претставникот на државнииот капитал дека мора да чекаат уште 30 дена за да се изберел нов директор и тие да добијат плата. Сега велат дека планираат да си поднесат колективна оставка.

 

 

„Веќе два дена никој се нема јавено, нè нема известено што се случува и дали има надеж за нашава фирма. Продолжуваме со нашиот штрајк, денеска го зголемивме времето за еден час. Нашите барања се истите, но сега имаме нови разговори во синдикатот, за од понеделник сите да си поднесеме оставка од работа и некаде вторник или среда да одиме пред Влада како невработени, па Владата нека нѝ бара работни места. Ако мисли дека треба да одиме до Скопје, нека размислат и нека нѝ кажат. Доколку не им треба оваа фабрика, слободно нека ја затворат и едноставно да си го бараме чајрето. Во оваа ситуација не знаеме и ние што да правиме понатаму“, рече Роберт Богданоски, претседател на синдикална организација.

 

Поранешните членови на синдикатот потсетија како премеирот Заев пред да дојде на власт им ветувал дека ќе им додели 2 милиони евра за да функционира оваа фабрика.

 

„Дојдов овде за морална поддршка на моите бивши колеги за надминување на оваа ситуација, во која фирмата никогаш до сега не била. Сакам да го потсетам премиерот Заев, при една моја средба со него вети дека оваа фирма ако СДСМ ги добие изборите, оваа фирма ќе застане на здрави нозе и дека ќе добие 2 милиони евра за да може континуирано оваа фирма да работи. Вработените да земаат личен доход, а се разбира и пензиското и здравственото осигурување на овие вработени ќе им биде платено. Јас како бивши вработен заминав од оваа фирма како технолошки вишак и не ми се исплатени уште плати и доприноси од пензиско и здравствено осигурување. Апелирам, оваа фирма можи да работи, треба да работи. Ако нашата Влада бара упорно да влези во НАТО и ЕУ, а единствената фирма во нашавата држава која е од наменско производство, не успеа да ја одржи на здрави нозе, не успеа да ја рестартира, јас не знам што бараат повеќе“, вели Бранко Чатлески, поранешен претседател на синдикатот во Еурокомпозит.

 

„Како што гледате и самите сагата наша продолжува и немаме ние друг излез освен блокади, штрајкови и протести пред Влада. Значи од денес па натаму, секој нареден ден во план сме по еден час да го зголемуваме времето на протестите, се до исполнување на нашите барања. Меѓутоа нашите барања се многу големи. Во овој момент баравме само исплата на една плата, меѓутоа имаме многу барања: неисплатени придонеси за седум години, неисплатени плати за 16 месеци, имаме претставник од пензионерите кој може да ви каже колку му влијае тој неплатен стаж и дали до ден денес има нешто исплатено по основ на опремнина и барањата што си ги имаат по основ на заостанати плати. Значи нас друго ништо не нѝ преостанува освен протести и блокади до решавање на нашиот проблем“, Цветан Бунтески, член на синдикален одбор“, рече Цветан Бунтески, член на сегашниот сииндикален одбор.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи