Десет загинати откако комбе удри во пешаци во Торонто

Facebook
Twitter
Email
Print

Десет луѓе загинаа, а 16 се повредени во Торонто каде што комбе во полна брзина удри во пешаци, соопшти синоќа канадската полиција, наведувајќи дека возачот е приведен.

 

Инцидентот се случи во време кога во Торонто се одржува состанок на шефовите на дипломатиите на земјите на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот.

 

Властите ја исклучија можноста дека станува збор за тероризам. Возачот е идентификуван како Алекс Минасијан кој е на возраст од 25 години. Според снимките што се појавија во канадските медиуми, возачот на комбето за време на апсењето тврдел дека има пиштол и барал од полицајците да го застрелаат.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи