Жбогар: Процесот за интеграција значи спроведување на европските вредности

Facebook
Twitter
Email
Print

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар смета дека извештајот го потврди напредокот на Договорот од Пржино, како и изборите од декември 2016 година, со што е дадена неусловена препорака за почнување преговори со ЕУ.

 

„Потребно е да се пофали владината коалиција која се врати назад на патот до реформите. Пофалба и за опозицијата затоа што се посвети на реформскиот процес. Останува многу да се заврши и комплетира. Препораката е јасна за потребата да се спроведат реформите. Она што ЕУ ќе го прави следните месеци е мониторинг на чекорите. ЕУ земјите членки ќе ги оценуваат реформските закони“, рече Жбогар.

 

Евроамбасадорот го пофали Договорот со Бугарија, но и разговорите за решение на проблемот со името, кој Македонија го има со Грција. Жбогар потенцира дека процесот за интеграција е спроведување на евроспките вредности.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи