Бартол: Сакаме да ве поздравиме како 30-та членка на Алијансата

Вратите на НАТО се отворени за вас. Пораката која што ја прати НАТО е дека секоја суверена нација има право да си го одбере својот пат. Скопје одбра да стане членка на НАТО. Сакаме да ве поздравиме како 30-та членја на Алијансата.

 

Ова го истакна шефот на Канцеларијата на НАТО во Скопје, Горазд Бартол во обраќањето на конференцијата „Македонија: Евроатлантска интеграција, нови предизвици и можности“ што се одржа денеска во МНР.

 

„Вратите на НАТО се отворени за вас. Тоа е предвидено и со спогодбата од Вашингтон. Проширувањето на НАТО е пример за успех. Со проширувањето на Алијансата се зголемува проспертитет и стабилноста во Европа. Тоа испраќа силен сигнал дека политиката на отворени врати на НАТО останува кредибилна. Сојузниците се согласија дека НАТО ќе ја покани вашата земја да се приклучи на Алијансата веднаш штом ќе се најде заемно прифатливо решение за името. Сакаме да ве поздравиме како 30-та членка на Алијансата“, рече Бартол.

 

Го поздрави успехот на земјата со добиената препорака од ЕК за почеток на преговорите со ЕУ и нагласи дека НАТО смета на земјата и нејзиното учество во мисијата во Авганистан, како и помошта во мсијата на КФОР.  Подвлече дека нема алтернатива за членството во НАТО како најсовремен колективен одбранбен ситем и укажа дека реформите кои се неопходни за членство се тешки, бараат време и пари, но оти членството носи огромни потенцијали, воени, економски, и можност за учество во донесување политички одлуки.

 

„Со амбициозната реформска агенда и стартешкиот приорите на земјата број 1 – членството во НАТО стануваат се поблиски. Заедно создаваме нова поинклузивна политичка култура. Ентузијазмот за реформи, особено за оние за вклучување на земјата во НАТО, се висока на агендата и НАТО има големи очекувања од оваа Влада. Овој позиотивен развој на настани не смее да се пропушти. Мора активно да се ангажираат сите на реформите на владеењето на правото, на слободата на медиумите, мултиетничкото општество и соодветно поставено судство. Работата на реформите ќе ја одбрани и ќе ја направи земјата отпорна за вмешување од надвор и ќе ги подобри вашите шанси за евроатланското приклучување“, рече шефот на канцеларијата на НАТО во Скопје, Бертол.

 

Конференцијата е во организација на Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при МНР, во соработка со Европскиот центар за безбедносни студии Џорџ Маршал и Маршал центарот на Република Македонија.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien