Вонредно собрание на Џудо федерацијата во Прилеп за гласање на доверба на претседателот Филип Иванов

По инцијатива на 12 џудо клубови членки на Џудо федерацијата на Македонија или 1/2 од клубовите на 5 мај во Прилеп ќе се одржи вонредно Собрание на кое ќе се гласа за довербата на претседателот и членовите на Извршниот и Надзорниот одбор, како и избор на нова раководна структура. Собранието ќе се одржи во старата општинска зграда со почеток во 10 часот.

 

Од Иницијативниот одбор информираат дека вонредното Собрание било свикано поради незадоволството од досегашното функционирање на самата федерација како: прекршување на актуелниот Статут на ЏФМ и останатите законски акти врз кои се базира истиот; игнорирање на барања, предлози и забелешки на поголемиот број клубови и носење еднострани одлуки на раководството; дуплирање на функции од страна на одредени личности, неизбирање на неколку поважни комисии, како судиската, неизбор на селектори на национални селекции, неодржување на ниту едно државно првенство и многу други причини.

 

Од Иницијативниот одбор истакнуваат дека и пред 1 месец поднеле барање до претседателот Филип Иванов за свикување на вонредно Собрание на ЏФМ.

 

„Бидејќи претседателот не го испочитува законскиот рок од 30 дена за свикување на вонредно Собрание, иницијаторите го сторија тоа согласно одредбите во Статутот на ЏФМ и Законот за здруженија и фондации“, наведуваат иницијаторите.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien