Српската влада: Хрватскиот министер за одбрана не е добредојден

Владата на Србија одлучи дека хрватскиот министер за одбрана, Дамир Крстичевиќ, во иднина нема да биде добредојден во нивната земја.

 

Одлуката следеше како одговор на нотата на Хрватска да забрани влез за министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин.

 

„Владата на Србија смета дека ваквите постапки на Хрватска се спротивни на духот на добрососедските односи и почитување на основните европски вредности, каде што спаѓа и слободата на движење на луѓето“, се наведува во владиното соопштение.

 

Српската влада, како што велат, во иднина останува определена за изградба на добрососедски односи со Хрватска, воздржувајќи се од постапки кои би можеле да придонесат кон нарушување на односите.

 

На 21 април Загреб соопшти дека српскиот министер Александар Вулин не е добредојден во Хрватска. Претходно, односите меѓу двете земји се влошија по скандалот што го предизвика лидерот на радикалите, Воислав Шешељ, кој го газеше хрватското знаме и ја пцуеше хрватската делегација пред Собранието во Белград. Потегот на Шешељ наиде на осуда од сите високи функционери во Србија, но и покрај тоа, Хрватска тогаш одлучи да ја повлече делегацијата назад.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien