Турција осуди 14 опозициски новинари на затвор со обвинение за тероризам

Facebook
Twitter
Email
Print

Турскиот суд во средата осуди 14 новинари, уредници и други вработени во опозицискиот весник Чумхуриет на казни од две и пол до седум и пол години затвор со обвинение за тероризам, додека три лица се ослободени, наведува

 

Овој случај, инаку, предизвика глобални критики поврзани со задушувањето на медиумските слободи под власта на турскиот претседател Таип Ердоган. Еден обвинет доби 10 години затвор поради активности на Твитер, а познат истражувачки новинар е осуден на 7 и пол години.

 

Адвокатот Озден Оздемир истакна за Ројтерс дека уште еден обвинет, кој не е вработен во тој весник, е осуден на десетгодишна казна, и тоа поради активности на Твитер. Познатиот новинар Ахмет Сик е осуден на седум и пол години затвор, најголема казна од сите осудени што работеле во Чумхуриет.

 

Чумхуриет е еден од ретките турски опозициски весници што сè уште ја критикуваат тамошната влада. И во овој случај новинарите на овој весник се обвинети дека ја поддржувале мрежата на Фетула Ѓулен, кого турските власти го обвинуваат за обидот за пуч пред две години.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи