ВИДЕО: Промоција на ЛЕАДЕР пристапот за рурален развој во Македонија во Кривогаштани

На 18 април во Општина Кривогаштани се одржа средба за промоција на ЛЕАДЕР пристапот за рурален развој во Македонија, во организација на Локалната Акциона Група АГРО ЛИДЕР со поддршка од Европската Унија и Граѓанската Асоцијација МОСТ.

 

 

Целта на оваа средба е зголемување на информираноста на локалното население за ЛЕАДЕР пристапот, постоењето на Локалните Акциони Групи, нивната улога и активности, со цел поголема вклученост на локалното население и зголемување на соработката помеѓу јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор за заедничко делување за одржлив рурален развој.

 

Беа презентирани позитивните искуства од воведувањето на ЛЕАДЕР пристапот во земјите на ЕУ , почетоците на воведувањето на ЛЕАДЕР пристапот и основањето на Локални Акциони Групи во Република Македонија и нивната улога во постигнување на рурален развој во целина, во поглед на култура, економија, здравствена заштита, социјална благосостојба, технологија и животна средина.

 

„Во Општина Кривогаштани во рамките на „Леадер пристапот во Македонија – предизвици“, имплементиран од Локална Акциона Група Агро Лидер, се одржува втората информативна средба со цел промоција на Лидер пристапот во Македонија, досегашните случувања, почетоците, а воедно ќе се направи и промоција на досегашните активности на на Локална акциона група Агро Лидер, која што работи на подобрување на руралниот развој во руралните места на Општиините Прилеп, Кривогаштани, Долнени и Крушево. Ова ќе биде уште една можност да покажеме дека Локалните Акциони Групи можат да бидат двигатели на промените во руралните средини, со цел да се забрзаат процедурите за акредитација на Леадер мерката под ИПАРД Програмата и понатамошно спроведување на поголемии проекти во склоп на Локалните Акциони Групи во сооднос со нивните стратегии за локален економски развој“, изјави Марина Тошеска, Агро Лидер.

 

Претседателот на ЛАГ АГРО ЛИДЕР г-ѓа Даниела Цветаноска ја претстави Локалната Акциона Група АГРО ЛИДЕР,организациската структура,  визијата, целите и реализираните проекти досега.  Дискусија за предизвиците во руралниот развој со кој се соочува локалното население водеше г-ѓа Соња Трпковкса, новинар од македонско радио, чија работа е насочена во секторот земјоделство и руралн развој.

 

На средбата присуствуваа претставници од Локалната Самоуправа на општина Крушево и Кривогаштани, претставници од приватен сектор  и граѓански организации кои делуваат на територијата на Локалната Акциона Група АГРО ЛИДЕР.

 

„Општина Кривогаштани е еден од основачите на Локалната Акциона Група Агро Лидер, уште од самиот почеток учествува во нејзината работа и гледа еден сериозен партнер во понатамошното функционирање и реализирање на различни проекти. Досега се реализирани голем дел проекти во соработка со здружението и се надеваме дека и во иднина ќе продолжи истата соработка со реализирање на уште повеќе проекти“, рече Николче Папучкоски, Општина Кривогаштани.

 

„Друштвото „Академик“ од Крушево има доста солидна соработка со ЛАГ Агро Лидер, досега имаме реализирано премногу проекти кои се покажале како доста успешни и се надеваме на понатамошна соработка“, истакна Ирена Блажеска, претставник на граѓанска организација „Академик“,  членка на ЛАГ Агро Лидер.

 

Свое учество зедоа и претставници од ЛАГ Скардус, ЛАГ Пелагонија Локална Акциона Група ВАРДАР ЛЕАДЕР и ЛАГ ПРЕСПА со цел да се промовира заедничката соработка меѓу ЛАГовите кои се регистрирани во Македонија и нивното заедничко делување насочено кон развој на руралните области преку новоформираната МРЕЖА НА ЛАГОВИ.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien