Девет деца загинаа при напад со нож во кинеско училиште

Девет деца се избодени до смрт, а 10 се повредени во нападот во нападот со нож што вчера беше извршен во средно училиште во кинеската провинција Шанси во северниот дел на земјата.

 

Возраста на жртвите не е објавена, но се верува дека имаат меѓу 12 и 15 години.

 

Нападот го извршил поранешен ученик во училиштето во покраината Шанси, кој сакал да се одмазди поради тоа што претходно други деца го малтретирале. Полицијата го уапси 28-годишниот напаѓач.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien