ВИДЕО – Сугарески : Овој месец започнува изградбата на втората фаза од експресниот пат Прилеп – Градско

Во текот на мај ќе започне со изградба втората фаза од експресниот пат Прилеп – Градско, во должина 16 км., инвестицијата ќе чини 23 милиони евра, а делницата ќе ја гради италијанската компанија „Скави“. Ова денеска во Прилеп го најави Министерт за транспорт и врски Горан Сугарески. Делницата ќе се протега на потегот од Градско до Дреново. Инаку активно се работело и на првата фаза од овој ексресен пат во делот од селото Фариш до Дреновска клисура во должина од 10 км. Инвестицијата за овој дел изнесува 31,8 милиони денари.

 

 

„Сакам да потенцирам дека патот Прилеп – Градско е динамизиран и е интениивирана работата. Кога дојдовме на власт на 1 јуни морам да потенцирам дека крајно беше закочена работата, бидиејќи одредени проектирани решенија кои беа направени од Дреновската клисура до Фариш беа во многу лоша состојба тоа на одреден начин го отстранивме и може да видите дека сериозно е динамизирана работата таму. Во делот пак на Дреново – Градско изградбата на тој експресен пат започнува овој месец“, истакна Сугарески.

 

Третата фаза пак од експресниот пат е долга 7,5 км. и опфаќа проширување на патната делница од Прилеп до мост на Ленишка река и изградба на трета лента од Беловодица до кеменоломот „Маврово“. Проектната докуметација била готова и се очекува оваа година да се распише тендер. Проценатата вредност на овој дел од патот чинела околу 5 милиони евра.

 

Инаку денеска Сугарески изврши увид во реконструкцијата на дел од локалниот патен правец Прилеп – Вештачко езеро кој е со должина од 8 км. Инвестицијата чинела 20 милиони денари, од кои 10 биле обезбедени од Јавното претпријатие за државни патишта и 10 биле обезбедени од Општина Прилеп. Патот се реконструирал по барање на жителите на Општина Прилеп

 

„ЈП „Македонија пат“ работи на 10-тина регионални патишта низ цела Македонија согласно програмата која што ја има ЈП за државни патишта од 467 милиони денари за реконструкција на овие регионални патишта. Оваа година се планира да се реконструираат околу 29 патни правци. Ова е уште потврда што го најавивме со премиерот Заев дека оваа година од страна на Јавното претпријатие се обезбедени преку 270 милиони евра за изградба на автопатишта, експресни патишта, регионални патишта и нивна реконструкција и рехабилитација“, додаде Сугарески.

 

 

Градоначалнкикот Јованоски рече дека ова било почеток на изградба на патната инфраструктура во Општина Прилеп. Општиината имала аплицирано уште за 2 проекти за 2 регионални патни правци и тоа Прилеп – Крушево и Прилеп – М. Брод.

 

„После 15 мај започнува на 3 начини да се решава патната инфаструктура во Прилеп. Завршуваат 3-те тендери, првиот за ударните дупки, тој чини околу 10 милиони денари. Уште 10 милиони денари во фаза на потпишување е вториот тендер за рехабилитација на 4 улици во Општина Прилеп и околу 40 милиони денари се предвидени за асфалтирање на нови улици во градот“, кажа Јованоски.

 

За да не унииштува повеќе патниот правец Прилеп – вештачко езеро од страна на камионите кои нопсат мермер од околните рудници за наредната година се планирало да се започне со изградбна на обиколница од рудникот Сивец до патниот правец кај Плетвар.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien