Нови ракетни напади врз воени бази во Сирија

Сириската војска соопшти дека неколку воени бази во провинциите Хами и Алепо биле погодени од ракети, во како што нагласија – „нова непријателска агресија“, јави сириската државна телевизија.

 

Опозициската Сириска опсерваторија за човекови права, која има седиште во Велика Британија, сопшти дека во ракетните напади, меѓу другото, се погодени Главниот штаб на 47. бригада западно од Хама, како и бази во близина на аеродромот во Алепо. На двете места, инаку, се стационирани и ирански единици.

 

Ирански медиуми јавија дека во синоќешните ракетни напади во северниот дел на Сирија биле убиени најмалку 40 луѓе, а 60 лица ранети, нагласувајќи дека меѓу загинатите има и 18 Иранци.

 

 

 

Според тврдењата на официјални сириски медиуми, девет ракети биле испукани од британските и американски бази во северниот дел на Јордан. Сепак се уште никој официјално ја нема преземено одговорноста за овој напад. Повеќе медиуми шпекулираат дека зад нападот би можел да стои и Израел.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien