ВИДЕО – Еко акција во Прилеп

Над 200 м3 градежен и комунален отпад биле собрани во денешната еко акција која ја организираше ЈКП „Комуналец“,јавните претпријатија од Прилеп и локалната самоуправа.

 

Од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп иинформираат дека се чистело на повеќе локации и тоа : Хотел Салида на потегот кон Прилепска пиварница, тука чистеле екипите на ЈКП „Комуналец“, потоа патот Прилеп – Скопје, од потегот на хотел Салида до Лук Оил каде чистеле екипите на приватната фирма Изофаст и Водостопанство прилепско поле. Се чистело и на потегот кај влезот за село Ореовец, тука чистеле екипите на ЈКП „Водовод и Канализација“ и правеле одводен канал. Додека пак екипите на локалната самоуправа и другите јавни претпријатија ја чистеа локацијата на потегот на вештачкото езеро.

 

На годишното собрание на ЗЕЛС кое се одржало на 27 април била донесена одлука 5 мај да биде прогласен за ден на екологијата и сите општини требало на овој ден да организираат еко акции.

 

Еве дел од атмосферата како изгледаше акцијата во Прилеп.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи