Падна таванот во болничка соба на хирургија во Прилеп

Во прилепската болница „Борка Талески“ денеска паднал таванот во една од болничките соби на Одделот за хирургија,  пренесува „Фокус“. Болничката соба каде што се откачил плафонот била празна, односно немало пациенти, а пациент кој бил сместен во соседната соба бил испратен дома поради безбедносни мерки. Фотографијата од таванот до „Фокус“ ја доставил пациент кој бил хоспитализиран во болницата.

 

Директор на болницата, Драги Богоевски, потврдил дека плафонот во една од болничките соби паднал и се сомнева дека силниот ветер е причина за тоа, но сепак додава дека ќе го испитаат целиот случај.

 

„Болницата пред две години беше реновирана преку министерството за здравство, кога со него раководеше Никола Тодоров. Сменети се спуштените плафони во одделенијата и дали поради силниот ветер денеска се откачиле сајлите што ги држат плочите кои се направени од гипс и стриропор и плафонот паднал. За среќа, во собата кај што падна плафонот немаше пациенти и нема повредени. Имаше само еден пацинет во соседната соба и тој е испратен дома поради безбедносни мерки. Ако имало пациенти во собата можело да биде страшно“, вели за „Фокус“ Богоевски.

 

Деновиве требало да се испита целиот случај како дошло до оваа несреќа.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи