Што ќе прикажат Русите на утрешната воена парада?

Facebook
Twitter
Email
Print

Роботизиран тенк “уран 9”, нови хиперсонични ракети “кинжал”, дронови “корсар” и “катран”, борбен авион од петта генерација “Сухој 57” – ова се само некои од системите за вооружување кои Русија ќе ги прикаже на утрешната воена парада по повод Денот на победата.

 

Роботизираниот борбен комплекс “уран 9” e наоружан со противтенковски ракети, топови и митралез. Би-Би-Си пренесува дека “Уран 9” може сам да ги лоцира метите, но командата за отварање оган ја дава командирот на возилото кој седи во блиндиран камион на далечина од 3 километри.

 

 

Ќе биде претставен и “роботизиран диверзант” возило  “уран 6” кое се користи за чистење мини. “Уран 6” се докажа во Палмира, Алепо и Деир Езор во Сирија. Рускиот сајт Газета наведува дека “уран 6” се користи за уништување мини од безбедна далечина, што претходно им овозможило на руските сили да навлезат во подрачјата контролирани од бунтовниците во Сирија. Ова возило исто така се управува од далечина, со опсег до 1 километар.,

 

 

Прв пат на парада ќе биде прикажан и теренски пешадиски баги, наменет за сите терени. Возилото АМ-1 има две седишта за руските војници, а дизајнирано е за пешадијата или специјалните единици за време на акции на тешко достапни терени, наведува Би Би Си.

 

 

Се наведува дека ќе биде прикажан и новиот дрон “корсар” кој може да се користи за ракетни напади и пренос на залихи. “Корсар” има опсег од над 160 километри, автономија на лет до 10 часа, а може да лета на висини до шест километри. Како што посочи заменикот на рускиот министер за одбрана Јури Борисов, руските вооружени сили поседуваат многу дронови, но на парадата ќе бидат прикажани само “корсар” и “катран”.

 

 

 

Доколку времето во Москва биде поволно, се очекува прелетување на авиони, бомбардери и хеликоптери. Aвионите “Миг 31” ќе ја прелетаат Москва носејќи нови хиперсонични против-бродски проектили “кинзал”, кои можат да ги уништат и носачите на авиони. Се очекува да биде претставен и стелт ловечки авион, гордост на руското воено воздухопловство, “сухој 57”, познат и како Т-50.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи