ВИДЕО – Прилеп доби нова градинка со капацитет од околу 100 деца

Во ООУ „Рампо Левката“ во Прилеп, во просторииите на првиот кат, денеска се отвори нова градинка чиј капациитет е околу 100 деца. Оваа нова градинка која со градба беше започната уште за време на претходната локална власт треба на некој начин да го амортизира големиот притисокот за запишување на деца во градинките. На ред за чекање во Прилеп имало уште 400 дечиња. Градоначалникот Јованоски денеска најави изградба и на други градинки.

 

 

„Години наназад овој недостаток на градинки за деца е огромен, последниве 10-тина години посебно. Секогаш се зборува дека недостасуваат детски градинки. Ова е еден почеток, каде што се заложивме како Општина Прилеп и Министерството за труд и социјална политика, да се направи оваа градинка, каде што ќе се згрижуваат околу 100-тина деца. Знам дека на ред чекаат околу 400 дечиња кои треба да бидат згрижени и во оваа прилика сакам да истакнам дека во постапка е техничка документација за изградба на нова детска градинка во населбата Точила, која што и во мојата предизборна кампања ја ветив. Мислам дека во текот на оваа година ќе ја направиме комплетно таа техничка документација и следната година ќе биде направена градинката“, истакна Јованоски.

 

 

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, која присуствуваше на отворањето истака Царовска ги повика градоначалниците од сите општини од Македонија да доставуваат потребни документи за изградба на детски градинки, за да се намалат проблемите околу запишувањето на дечињата во овие установи од предшколска возраст.

 

„Капиталните инвестиции во Министерството за труд и социјална политика наменети за детска и социјална заштита се видливи во буџетот. Реализацијата на сите овие градинки, кои што во минатото ги отворивме, веќе ги следите како медиуми, следите дека во наредните две недели ќе имаме уште неколку отварања на градинки, нашиот фокус е рамномерен регионален развој. Поголем фокус даваме на руралните општини, затоа што во Македонија тој дел беше запуштен. Децата од руралните средини од посиромашните семејства имаа помалку пристап до детски градинки. Тоа сега го правиме праведно, како што треба една држава која што се вели дека е социјална да постапува. Но исто така сите општини добија повик уште во ноември 2017 година, на кој што министерството ги повика сите оние кои што имаат спремна техничка документација, готови проекти, легализиран простор, да аплицираат во Министерството за труд и социјална политика и Владата ќе изнајде начин како да го финансира секој проект. Имаме готови и спремни проекти во 18 општини, кои што дел ќе се финансираат од буџет на РМ, а дел ќе се финансираат од ТАФ. Тоа го најави и премиерот и навистина ни е важно да сите инвестиции кои што се прават во детска заштита да бидат квалитетни, навремени и да навистина се стремиме кон зголемување на опфатот. Ова е долгорочен проблем, најголем дел од објектите кои што се изградени се од едно претходно време и тие се тие квалитетни објекти, сè друго е еден мал проширен опфат или капацитет во детските градинки. Ние се стремиме кон тоа да реализираме нови објекти, целосно нови и само такви отвораме. Сè друго е по една до две простории, кои што претходната власт ги правела, затоа што навистина од тоа што го следам е дека не се зголемувал опфатот на деца, а цело време се отвораа некои детски градинки. Тоа не го правиме и гледате дека таму каде што е реализиран проектот, завршен, тогаш го отвораме“, потенцираше Царовска.

 

 

И граѓаните на Прилеп велат дека се чека премногу за запишување во градинките.

 

„Малку градинки се а има многу деца, јас за моето прво дете чеква 2 години за да го запишам во градинка“, вели една прилепчанка.

 

Инаку денеска на прес конференција ВМРО-ДПМНЕ обвини дека децата во Приилеп се примале во градинките по партиска линија, а поседувале и листи на кои биле напишани имињата кои потсетувале на функционери од СДСМ Прилеп.

 

„Oваа власт е ненародна и дискриминаторска. Не им беше доста вработувањето на внуцит, братучедите и другите роднини, па сега по партиски клуч сместуваат и деца по градинкитe“, вели Виктор Здравески, советник во Општина Прилеп.

 

Директорот пак тврди дека тие списоци не биле веродостојни.

 

„Нема никакви партиски примања.  Ние имаме листа од 500 деца, кои што стојат јавно, секој може да ги види. И на тоа пишува име и телефонски број, и секој од родителите кога ќе дојди, толку што е среќен дека ќе му биде детето запишано, го грешава бројот и ние за да го знаеме кој е го пишуваме името. На пример Милош со тој и тој телефонски број“, вели Орце Тодороски, в.д. директор на градинки „Наша Иднина“.

 

Инаку во Општина Прилеп има 11 градинки, 6 во градот и 5 во населените места, во нив се сместении 1.200 деца и 146 вработени.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи