ВИДЕО – Изгубеното кралство на Пелагонците

Кралската гробница кај прилепското село Бонче изградена е околу 4 век п.н.е. Направена е во форма на круг, изграден од камења во неколку редови. Има и ходник или дромос кој пак води до главната погребна комора.

 

Гробницата има импресивна големина и е единствена од ваков тип во Македонија. За жал е гробницата е оставена буквално на забот на времето и се наоѓа во многу лоша состојба. Се претпоставува дека е кралската гробница на изгубениот град Пелагонија

 

Градот Пелагонија се простирал на неколку десетици хектари. Долниот дел се наоѓал во близина на селото Бонче, а горниот дел на врвот Висока каде се наоѓа навистина импресивен објект. За да со сигурност се утврди дека тука навистина се наоѓал градот Пелагонија потребно е да се пронајде некој епиграфски споменик кој ќе содржи терминот Пелагонија.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien