Пластични банкноти од 10 и 50 денари од утре ги заменуваат книжните

Од утре почнува употребата на полимерните банкноти во вредност од 10 и 50 денари. Со тоа, книжните банкноти во истата вредност повеќе нема да бидат во употреба и ќе започне процес на нивна замена, што ќе трае до 15 мај следната година.

 

Со ова Македонија станува една од државите чијашто централна банка има започнато процес на полимеризација на банкнотите на националната валута.

 

„Македонскиот денар ќе се вбројува меѓу валутите чии банкноти со пониска апоенска вредност, коишто се и најзастапени во одвивањето на готовинските трансакции, се изработени на најсовремен начин и од најсовремен материјал“, соопштуваат од Народната банка на Република Македонија.

 

Станува збор за банкноти кои не се оштетуваат лесно, што не е случај со хартијата, и кои имаат многу подолг век на траење. Овие банкноти се изработуваат од многу тенка, флексибилна пластична фолија која овозможува нивниот дизајн да содржи безбедносни карактеристики и заштитни знаци кои не може масовно да се репродуцираат со употреба на воспоставените техники за фалсификување банкноти.

 

Старите пари ќе може да се заменат за нови во сите банки низ Република Македонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien