Повторно поскапување на горивата

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат 1,50, односно 2 денара, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

 

Цената на бензинот Еуросупер БС – 98 од полноќ се зголемува за два денара по литар и ќе се изнесува 73,50 денари. 95-ката ќе поскапе за еден и пол денар и ќе се точи по цена од 71,50 денари, додека дизелот ќе биде поскап за еден денар и ќе достигне 63 денари за литар.

 

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 2,100 денара и ќе изнесува 32,137 денара за килограм.

 

Просечната цена на суровата нафта во изминатите 14 дена изнесуваше 75,134 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот 51,30 денари

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien