Ниту 41 поен на Харден не беа доволни, Голден Стејт со брејк на стартот

Кошаркарите на актуелниот шампион во НБА лигата Голден Стејт поведоа со 1-0 во финалето на Запад, откако ноќеска на теренот на Хјустон победија со 119:106.

 

Кевин Дјурант со 37 поени и Клеј Томпсон со 28 беа предводници до победата, која Г.Стејт ја обезбеди во вториот дел откако на полувреме беше 56:56. Покрај овие двајца Стеф Кари уфрли 18 поени, запиша шест скокови и додаде осум асистенции, а Дрејмод Грин пет поени, девет скокови и една асистанција.

 

На Хјустон не му помогна ниту одличниот настап на Џејмс Харден кој натпреварот го заврши со 41 поен, четири скока и седум асистенции. Зад Харден следуваше Крис Пол со 23 поени и 11 скокови, па Ерик Гордон со 15 поени и пет скокови и Клинт Капел со 12 поени и шест украдени топки.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien