Буфон потпишува двегодишен договор со ПСЖ!

Facebook
Twitter
Email
Print

Само неколку дена откако емотивно се прости од навивачите на Јувентус, тимот чиј дрес го носеше во изминативе 17 години, Џиџи Буфон веќе од утре ќе сврти нов лист и тоа како играч на францускиот гигант ПСЖ.

Според информациите од Франција, веќе се е договорено околу овој трансфер и само се чека формалното потпишување на договорот, кој ќе биде во траење од две години. Буфон во Париз ќе има годишна плата од седум милиони евра.

 

Освен астрономските примања, главна причина што Италијанецот се сели во таборот на ПСЖ е желбата конечно да се дојде до трофеј во Лигата на шампионите.

Парижаните како што пренесуваат медиуми уште минатата среда се договориле со неговиот менаџер.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи