ВИДЕО – Во Прилеп се одржа државно првенство во тенис за основни училишта

Во Прилеп денеска се одржа државното првенство во тенис за основни училишта во две категори :  6 и 7 одделение и 8 и 9 одделение, во машка и во женска конкуренција. Беа присутни околу 50 учесници, а од секоја општина имаше по 3 најдобри тенисери.

 

 

„Ние како Федерација на училишни спортови на Македонија чувствуваме потреба да истакнеме дека градот Прилеп во континуитет повеќе од 20 години, преки сојузот на Училишен спорт на Општина Прилеп, организира огромен број на спортски настани во училишниот спорт, во скоро сите спортови. Тука имавме и гимназијади и мали олимписки игри, така што Прилеп е еден од столбовите во Македонија за придонесот за развојот на училишниот спорт. Во оваа прилика би изразил исто така задоволство што училиштата, преку нивните училишни спортски клубови, на некој начин ги поддржуваат овие активности. Генерално и од Министерството за образование и наука и од Агенцијата за млади и спорт, а особено Владата има една сериозна стратешка цел, да училишниот спорт како еден од основните приоритети во спортот, е поддржан многу сериозно и ние како федерација на тој план правиме планови, стратегии, развојни политики, за што Прилеп секогаш дава огромен придонес“, истакна Александар Туфегџиески, претседател на Федерација на училишен спорт на Македонија.

 

Првенството се одржа на тениските терени на тенискиот клуб „Топ спин“ и тениски клуб „Прилеп“. Инаку во изминатиот период во Прилеп се одржаа голем број на натпреварувања, како од општински, регионален, така и од државен карактер.

 

„Денеска со овој натпревар ја заокружуваме оваа програма. Се надевам дека успешно ќе завршат денешните натпревари. Имаме околу 50-тина учесници од цела Македонија, како што кажавме тие се кремот на тенисот за нивните категории, значи најдобрите ученици, најдобрите натпреварувачи во тенис од Македонија и денеска се баш токму тука во Прилеп. Се надевам дека натпреварите ќе поминат во најдобар ред, а ние како Сојуз на училишен спорт нормално продолжуваме понатаму со организација на вакви и слични натпреварувања. Се надевам дека и следната година ќе ја оправдаме довербата која што ни ја укажува Федерацијата на училишен спорт со доделувањето на вакви натпревари и дека во континуитет ќе продолжиме да организираме натпревари во сите спортови, како од индивидуален карактер, така и во екипните спортови“, изјави Здравко Ристески, претседател на Сојуз на училишен спорт на Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи