ВИДЕО – „СПАМ“ е името на изложбата на Илина Арсова која денеска беше претставена во Прилеп

Во домот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп Илина Арсова денеска се претстави со проектот насловен како СПАМ. Според Арсова името доаѓало од сандачето за непотребни информации кои што ги добиваме во електронската пошта, но исто така асоцирало и на целиот отпаден материјал кој што го затрупува нашиот домашен простор.

 

 

„Со оваа изложба сакам да покажам дека секој од нас како индивидуа може да придонесе на свој начин кон намалување на отпадот кој секојдневно ја затрупува нашата животна средина и секој од нас може како индивидуа да придонесе за една подобра животна средина каде живееме и за намалување на загадувањето. Значи овие дела се 100% направени од рециклирани материјали, од домашен отпад, но сепак имаат ликовна вредбност преку интервенција со боја и цртеж на истите. Станува збор за една постара изложба која што е создавана во текот на неколку години помеѓу 2013 и 2015 година и многу ми е мило што денеска може да ја покажеме во Прилеп. Токму затоа ги имаме покането учениците од основните и средни училишта за да се делува во таа насока на подигнување на еколошката свест на нашите простори“, истакна Арсова.

 

На изложбата беа претставени 80 мали формати кои може да ја менуваат својата инсталација композициски, секое едно од нив може да функционира индивидуално, но и како целина. Инаку Арсова има направено 15 самостојни изложби и преку 40 групни изложби во Македонија и светот. Во Прилеп Арсова има учествувано и на ликовната колонија во Дрен.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien