СДСМ : Поставувањето на В.Д. директори во основните училишта во Прилеп се врши исклучиво според закон

Криминалот, корупцијата и злоупотребите, беа одлика на претходната 12 годишна власт, што денес се потврдува со првата изречена судска пресуда за Никола Груевски на две години казна затвор. Велат во писменото соопштение од СДСМ, кое доаѓа како реакција на денешната прес конференција на О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

 

Поранешниот градоначалник на Општина Прилеп, Марјан Ристески, за кого се поднесени кривични пријави, беше продолжена рака на криминалните политики на Никола Груевски.

 

Затоа, поранешната директорка на градинките „Наша иднина“ од Прилеп, Христина Трпческа, како дел од таквата власт, наместо да шири невистини и клевети, треба да се извини на прилепчани за сите злодела на ВМРО-ДПМНЕ во изминативе 12 години.

 

Трпческа треба да се засрами и од хаосот што го остави во градинките „Наша иднина“, што сега новата власт го средува. Трпческа остави листа од најмалку 500 дечиња што чекаат за сместување во градинките и скоро никакви инвестиции во градинките за подобрување на условите.

 

Новата локална власт предводена од градоначалникот Јованоски, во рекордно време ја отвори градинката во ОУ „Рампо Левката“, а истовремено работи на техничката документација за отворање на нови две градинки, од кои едната во населбата „Точила“ и другата во рамки на Тутунски комбинат – Прилеп.

 

Поставувањето на В.Д. директори во основните училишта денес се врши исклучиво според законските прописи и критериуми. Непотизмот и роднинските врски при избор на директори, ќе остане симбол само за владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и Марјан Ристески, а не за новата локалната гарнитура.

 

12 годишното директорување на Златко Ристески – Џекчето со ЈКП „Комуналец“ само затоа што е прв братучед на поранешниот градоначалник на Општина Прилеп, Марјан Ристески, ќе остане запишано како класичен пример за непотизам, што никогаш нема да се повтори.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи