Дариесек: „Нон-пејперот“ е работен документ и нема официјална важност

Facebook
Twitter
Email
Print

Министерката Женевиев Дариесек, државен секретар во Министерството за вооружени сили на Република Франција, која денеска во Битола имаше заедничка прес-конференција со министерката за одбрана Радмила Шекеринска на новинарско прашање во врска со документот „нон-пејпер“ што проциркулира низ државите членки на ЕУ, таа изјави дека тоа е работен документ кој нема никаква официјална важност.

 

„Тоа е еден работен документ што нема никаква официјална важност, а знам дека во последно време се пишуваше низ медиумите за него, е навистина нешто што допрва ќе треба да се разгледува и затоа треба кон крајот на месец јуни да размислиме за стигнување до вашата конечна цел. Знам дека беше направена огромна работа, ви престои уште, и свесни сме за напредокот што го постигна државата“, одговори Дариесек.

 

И Амбадасата на Франција во земјава пред неколку дена во соопштение што го објави Макфакс прецизираше дека заклучоците за Македонија во него не се конечни и дека ставот на Франција ќе биде дефинитивно утврден во договор со нејзините европски партнери во наредниот период пред самитот на ЕУ во Брисел на 28 јуни.

 

„Амбасадата на Франција појаснува во врска со документот наречен “non-papier” кои го споменуваат одредени медиуми. Амбасадата, исто така, напоменува дека предлозите за отпочнување на преговорите од страна на Комисијата содржани во извештајот за Македонија и за Албанија ќе бидат проучени од страна на Советот (општи работи) на 26 јуни а потоа за нив ќе одлучи Европскиот Совет во текот на истиот месец. Разговорите за подготовка на заклучоците за Македонија и за Албанија се уште не се отпочнати во Брисел. Поради тоа и не треба да му се придава премногу големо значење на тој документ, особено што во него станува збор за точки за кои ќе се разговара и одлучува во иднина”, стои во соопштението.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи