Лажирано убиството на рускиот новинар во Украина, било дел од тајна операција

Facebook
Twitter
Email
Print

Наводното убиство на рускиот новинар Аркадиј Бабченко во вторникот во Киев всушност било трик на украинската полиција за спречување на планираниот напад, објавија украинските власти.

 

Украинската безбедносна служба го лажирала убиството на новинарот Аркадиј Бабченко кој важи за остар критичар на рускиот претседател Владимир Путин, за да ги фати луѓето кои сакале да го убијат. Шефот на украинската безбедносна служба Васиљ Храјцак потврди дека ја лажирале неговата смрт за да ги уапсат оние кои го планирале неговото убиство.

 

„Според информациите добиени од украинската безбедносна служба, самите руски безбедносни служби наредиле да се убие рускиот новинар Аркадиј Бабченко“, рече Храјцак.

 

Полицијата соопшти дека уапсила еден човек во рамките на вонредната операција.

 

Откако светските медиуми ја објавија веста за убиството на Бабченко, тој се појави на конференција на украинската телевизија. Бабченко им се заблагодари на украинските безбедносни служби за спасувањето на неговиот живот.

 

Бабченко е еден од најпознатите руски воени репортери. Тој ја напуштил Русија поради заканите по живот кои ги добивал поради критизирањето на руската политика во Украина и Сирија.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи