ВИДЕО – Дел од атмосферата од концертот на мешаниот хор „Драган Шуплевски“ во Прилеп

Вечерва со почеток во 20.00 часот во ликовниот салон од ЦК „Марко Цепенков“ се одржа целовечерен концерт на мешаниот хор „Драган Шуплевски“ при ФМУ – Скопје.  Хорот “Драган Шуплевски” при ФМУ Скопје е значаен фактор во музичкиот живот на РепубликаМакедонија.

 

 

Сегашното име го добива во 2002 год. Во чест на долгогодишниот раководител и диригент, проф. Драган Шуплевски. Покрај своите редовни концерти, хорот учествува и во проекти заедно со другите ансамбли на ФМУ и на реномирани музички фестивали како „Мајски оперски вечери”, „Интерфест”, „Нишки хорски свечености”, “Мајски хорски конкурс”, “ВарсовиаКантат“ и.т.н. Репертоарот опфаќа композиции од ренесансата па се до најсовремени творби, како а-капела, така и вокално-инструментални композиции. Посебен настан секоја година претставуваат концертите на духовна музика во централните храмови на Македонската православна црква и католичката црква во Македонија.

 

Од концертите на хорот се направени и неколку ТВ и радиоснимки, а ФМУ издаде и ЦД.под диригентство на СашоТатарчевски. Својот квалитет и напредокот во последните неколку години хорот ги потврдува и со освојувањето на награди на меѓународни хорски натпревари, како во Варшава Полска, Римини Италија, Краков Полска …

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien