ВИДЕО – Се косат проблематичните делови од речното корито во Прилеп

Се косат проблематичните делови од речното корито во Прилеп во населбата Ѓогдере, од малиот пешачки мост кон излезот на градот и од мостот на „Димо Наредникот“ кон подвозникот во населба Бончејца. Дел од градското корито кое сега се коси досега никогаш ни било уредувано.

 

 

„При крај сме со косење од проблематичниот дел на речното корито. Овој дел тука се коси за прв пат, а додека речното корито во централното градско подрачје се коси по трет пат. Иако изминатиов период имавме јавувања од граѓаните за овој дел на реката, сакам да ги уверам граѓаните дека годинава 20 дена сме порано со косењето од сите претходни години“, рече Звонко Јованоски, директор на ЈКП „Комуналец“.

 

Јованоски нагласи дека ќе се уредувале и повеќе поголеми паркови во Прилеп, а за еден месец требало да биде поставена и нова урбана опрема на Паркот на Револуцијата и другите поголеми паркови.

 

„Исто така насочени сме кон косење и уредување на сите поголеми градски паркови во Прилеп, како што се на „Петта Прилепска“, „Ѓогдере“, „Бончејца“, „Вишне“ и сите помали паркчиња во градот. Со моето доаѓање увидов бројни запоставени терени. Запоставен беше и нјаголемиот парк Могилата, така што сега и самите граѓани можат да видат во каква состојба се наоѓа тој. Општината има објавено тендер за урбана опрема, ниие нашите барања ги доставивме до Општината, бидејќи урбаната опрема ја поставува Општина Прилеп. Сите наши барања за уредување на паркот на Могилата ги пративме и сега сите тие барања ќе бидат опфатени. Најдоцна за 1 месец ќе биде поставена новата урбана опрема на Паркот на револуцијата“, додаде Јованоски.

 

Во наредниот период, пред Пиво фестот, ЈКП „Комуналец“ ќе биделе насочени кон чистење и уредување на влезовите на Прилеп како што се кај Салида, на Крушевско џаде, обиколницата Варош и патот Прилеп – М. брод.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien