Данска го забрани носењето никаб и бурка

Данскиот парламент го усвои законот кој предвидува забрана за носење облека која го прекрива лицето, вклучувајќи ги и муслиманските велови никаб и бурка.

 

Законот кој го предложи десничарската коалиција усвоен е со 75 гласа ЗА и 30 против, пренесе АП.

 

Како што соопшти владата, законот не се однесува на ниедна религија и не забранува носење марами на главата, турбани или традиционални еврејски капи. Сепак, законот во јавноста е познат како „бурка закон“ и главно се смета дека е насочен против начинот на облекување на конзервативните муслиманки.

 

Законот стапува на сила на 1. август, а неговото кршење ќе биде казнето со 1000 дански круни, односно 156 долари.

 

Сличен закон веќе усвоија Австрија, Франција и Белгија.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien