Сменет Маријано Рахој, Педро Санчез ќе биде новиот премиер на Шпанија

Facebook
Twitter
Email
Print

Шпанскиот парламент денеска му изгласа недоверба на премиерот. Против 63-годишниот Маријано Рахој гласаа 180 од вкупно 350 пратеници, подржувајќи го предлогот на шефот на Социјалистите, Педро Санчез. На ваков начин, 46-годишниот Санчез станува автоматски нов шпански премиер.

 

Се очекува до понеделник Санчез да ја преземе новата должност и да назначи кабинет следната недела, објави Ројтерс.

 

Рахој во парламентот изјави дека му била чест да биде премиер на Шпанија. и го радува што зад себе ја остава земјата во подобра положба отколку при неговото стапување на функцијата, со оглед на економскиот подем на порано кризната држава, постигнат преку реформи и планови за штедење.

 

До сменувањето на власта дојде по минатонеделните пресуди за корупција за некои поранешни членови на конзервативната Народна партија на Рахој. Минатата недела Народната партија беше осудена да плати казна од 245.000 евра, а на повеќемина поранешни партиски функционери им беа изречени делумно повеќегодишни затворски казни.

 

Ова е првпат во демократската историја на земјата еден премиер да биде сменет преку гласање недоверба. По крајот на диктатурата на Франко во 1975. година, ова е четврто гласање за доверба, но претходните три беа неуспешни.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи