ВИДЕО – Праисториска карпеста уметност на Маркови Кули ?

Врвот „Чардак“ на Маркови Кули или познат како „Тапанче“ е местото каде се наоѓаат голем број интересни цртежи на карпите. Дел од експертите сметаат дека ова карпеста уметност потекнува од праисторијата, но тоа се уште научно не е докажано

 

Се претпоставува дека тука се наоѓала населба уште во каменото време. Археологот Александар Мургоски, член на здружението „Менелај“, вели дека цртежите биле споменати уште во 19 век од страна на европските патеписци. Ваков вид на цртежи се наоѓаат и од двете страни на врвот, но и на други локации на ридот Маркови кули. Последен пат се истражувани во 1978 година.

 

Особено внимание овие цртежи предизвикале кај истражувачот и писател Тренчо Димитриоски. Според него самата карпа на врвот има култен облек која ги привлекува луѓето да се населат тука и да ги прават овие интервенции на карпите. Но за жал целиот овој простор иако е уникатен е целосно оставен на забот на времето.

 

Од здружението „Менелај“ велат дека нивната идна цел ќе биде да поднесат проект за заштита на овој локалитет и да се обидат научно да го утврдат периодот од кога датираат овие цртежи.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien