Фото кино клубот од Прилеп ја доби наградата UNICA за најдобар клуб во Македонија

На 47-миот државен фестивал на непрофесионален филм кој се одржа во Струга учествуваа 53 аматерски филмови од кои жирито на фестивалот се одлучи 13 филмови да влезат во официјална конкуренција.

 

Од нив 5 беа од прилепски автори :

 

 

–  „Мојот живот“ на Игор Стојковски

– „ЗР-ЗР“ на Горан Попоски

–  „Кутија“ на Гоце Трајкоски

– „Старецот и кучето“ на Филип Петрески

– „Мамичке“ на Виктор Керов, и Љупче Ристески

 

 

 

 

 

Награди добија :

 

 

„Кутија“ на Гоце трајкоски  најдобра камера, најдобра монтажа и сребрена плакета за документарен филм

 

„Старецот и Кучето“ на Филип Петрески сребрена плакета за краток игран филм

 

и „Мамичке“ на Виктор Керов и Љупче Ристески за најдобар експериментален филм

 

 

Од доделените 11 награди на фестивалот Фото кино клубот од Прилеп освои 5.

 

Воедно Фото кино клубот Прилеп беше награден со највисоката награда на UNICA (Union international du cinema non professionnel) која се доделува на поединци и Клубови како најдобар клуб во Р. Македонија и, оваа наград е втора во градот Прилеп оваа година , за која исто така доби и едноминутниот филм на Пилоски Зоран во Пожега Хрватска пред две недели!

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien