Цесна слета на улица во Лос Анџелес, шокирајќи ги возачите на автомобили и случајните минувачи

Поради проблем со моторот, мал авион Цесна 172 мораше да слета на улица полна со возила во Лос Анџелес, во округот Хантингтон Бич, а возачите останаа во шок.

 

Жена пилот ја покажа својата вештина зошто успеа на улица полна со возила, избегнувајќи ги струјните кабли, вешто да го спушти леталото.

 

Слета во улица близу Хамилтон авенијата, осум километри југозападно од аеродромот „Џон Вејн“. Била сама во авионот и останала неповредена.

 

Единствено што зачудените возачи на улицата се фаќале за срце додека таа ретерирала.

 

„За малку ќе ме удреше авион среде улица“, се пожали шокираниот возач.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien