Вечери во чест на Васил Иљоски

Општина Крушево за прв пат го организира настанот „Вечери во чест на Васил Иљоски“, со поддршка на Министерството за култура. Целта на овој настан е одбележување на ликот и делото на крушевскиот книжевник, драматург и есеист Васил Иљоски.

 

Првата претстава ќе се одржи во сабота (09.06.2018) со почеток во 18:30 часот. Ќе се одигра претставата „Чорбаџи Теодос“, режија: Захарија Ангелеска.

 

Втората претстава е закажана за недела (10.06.2018) во 18:30. Во изведба на учениците од ООУ „Јонче Смугрески“ Обршани, општина Кривогаштани, ќе се одигра претставата „Солунски патрдии“.

 

Влезот на претставите е слободен.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien