Заев апелира до Иванов да го потпише Законот за јазици

Премиерот Зоран Заев денеска уште еднаш упати апел до претседателот Ѓорге Иванов да го стави својот потпис на Законот за јазиците и да овозможи непречено функционирање на демократијата во општеството, притоа истакнувајќи дека веќе на неколку средби се обидувал да го убеди Иванов да го потпише указот.

 

„Тоа испраќа порака дека претседателот може да си одлучи кога сака и на кој сака закон да го стави таканареченото џебно вето. Тоа не е функционална демократија. Одговорноста е преголема“, рече Заев.

 

Тој нагласи оти треба да се повикуваат надлежните институции како Уставниот суд, но и да се обратиме и до Венецијанската комисија.

 

 „Уставниот суд кажува што е уставно, а што не е. И ако има нешто проблематично може да се промени“, рече Заев

 

Заев нагласи дека ако со некои закони се зголемуваат одредени права ќе можеме полесно да влеземе во вака најавуваниот процес за почеток на преговорите со ЕУ.

 

„Законот мора да дише. Ако законот дише, верувам дека растоварени од одредени права досега, ќе можеме многу посилно да влеземе во вака најавениот процес на отворање поглавја, почеток на преговорите за Македонија, тогаш ќе можеме да бидеме со 100 отсто фокус на она што е важно за сите граѓани“, истакна Заев.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien