Катастрофа во Гватемала – цели села се кремирани по ерупцијата на Фуего

Бројот на жртвите од ерупцијата на вулканот во Гватемала се искачи на најмалку 69, додека спасувачите се во потрага по можни преживеани под реките од пепел и кал. Бројот на жртвите веројатно уште повеќе ќе се зголеми, со оглед на фактот што десетици се уште се водат за исчезнати.

 

„Куќите се претворија во печки, а селото е крематориум, тука нема преживеани. Тука има толку многу прашина што изгледа како една огромна плажа, но со натрупани дрвја и карпи. Ужасно е“, вели еден од пожарникарите што учествува во потрага по преживеани.

 

Директорот на Националниот институт за форензичка наука на Гватемала, Фануел Гарсија, рече дека досега се идентификувани само 17 тела.

 

„Многу ни е тешко да ги идентификуваме, бидејќи некои од загинатите немаат карактеристики или отпечатоци од прсти поради реките лава. Ќе мора да прибегнеме кон други методи… и ако е можно да земеме примероци на ДНК за да ги идентификуваме“, рече Гарсија.

 

Ерупцијата во неделата предизвикала поплави од брзодвижечка смеса од многу топол гас и вулкански – познати како пирокластични текови, кои ги поклопиле околните села и жителите имале малку време за да избегаат.

 


 

Претседателот на Гватемала Џими Моралес изјавил дека свикал состанок со министрите, како и дека разгледува да прогласи вонредна ситуација во областите на Чималтенанго, Ескинтла и Сакатепекез. Прогласена е и тридневна жалост.

 

Фуего, што на шпански значи оган, е еден од најактивните вулкани во Средна Америка и ова му беше втора ерупција оваа година, но најсилна од 1974 година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien