Топ 10 земји со најзастрашувачки специјални единици во светот

Во мерењето на светските сили и борбата против тероризмот, иако понекогаш ставени во сенка, ова се специјалните единици кои бестрашно би застанале во одбрана на својата држава.

 

Тајван

Тајван поседува една од најморбидните униформи на оваа листа. Во денешно време маските на специјалните единици имаат неколку улоги: да го заштитат лицето на оние кои ги носат, да го сокријат идентитетот на носачот, како и да го исплашат противникот. Дизајнот на тајванските униформи дефинитивно успева во она последното.

 

 

Перу

Перуанските воени сили се составени од независната армија, морнарицата и авијацијата. Главната цел им е да ги штитат националните интереси и независноста на државата. Нивната секундарна цел е да ги преплашат оние кои ќе им застанат на патот.

 

 

Норвешка

Норвешките воени сили се одговорни за одбраната и безбедноста на Норвешка. Не специјализираат, туку тренираат да можат да се изборат на било какви временски услови. Тие се сметаат за едни од најдобрите специјални единици во светот.

 

 

Данска

Низ светот познати како „The Frogman“, поради униформите кои наликуваат на некоја застрашувачка жаба. Тие се дел од данската кралска морнарица и се најдобри во решавањето на поморски конфликти. Нивната специјалност вклучува напаѓање непријателски бродови, саботажа, напредни поморски антитерористички задачи.

 

 

Канада

И покрај тоа што Канаѓаните се познати по нивната учтивост, нивните специјални единици се нешто со кое што „нема шега“. Тренирани се да издржат на најниски температури. Главните задачи им се спасување на заложници и противтероризам.

 

 

Италија

Доколку се прашувате зошто во Италија има помалку терористички напади за разлика од другите земји во Европа, одговорот лежи во италијанските воени сили. Тие се поделени на три нивоа и тоа специјални единици, единици за специјални операции и Команда на заедничките сили за операциите на специјалните сили.

Оформени се во 1977 и главната цел им е да ги отстранат сите ризици од терористички напади.

 

 

Велика Британија

Секоја бранша од британските воени сили има свои правила за униформирање. Постојат британската армија, кралската морнарица, кралските маринци и кралската авијација. Тие се оформени во 1941-ва и се познати како специјалната единица „SAS“.

 

 

Русија

Единицата Спецназ е една од најсилните во светот, а нивниот тренинг би бил нелегален во САД како и во повеќето западни држави. Поради нивниот тренинг, тие се отпорни на било какви казни и измачувања.

 

 

САД

Најпознатите специјални единици на Соединетите Американски Држави се Зелените Беретки и Морнаричките фоки. Зелените Беретки се специјални единици кои се задолжени за 5 основни мисии: неконвенционална војна, странска внатрешна одбрана, посебни извидувања, директна акција и противтероризам.

Униформите им се разликуваат во однос на нивната специјализација. Единицата „Морнарички фоки“ e специјализирана за мисиите во воздух, вода, копно и поморска опрема. Тие се тренирани да се справат со било какви теренски и климатски услови.

 

 

Израел

Специјалната единица Шајетет 13 е една од најспремните во светот. За разлика од другите единици, оваа не бара претходна подготвеност, туку дозволува пријавување и селекција на млади војници – средношколци, кои доколку ги поминат сите моторички, психолошки и физички тестови, можат да бидат примени на обука за влез во Шајетет 13, која трае долги 21 месеци.

Тие се уште познати и како „Израелските морнарички фоки“.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien