УЕФА ја соопшти казната за Буфон

Многумина беа свесни дека Буфон го очекува казна од УЕФА поради исклучувањето и расправијата со судијата Оливер во реванш четвртфиналето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

 

Џиџи комплетно ги загуби нервите во четвртфиналето против Реал и вербално го нападна судијата Мајкл Оливер, а потоа не беше воопшто благ и во микс-зоната каде англискиот арбитар го нарече како човек кој има канта за отпадоци наместо срце.

 

Сега, казната пристигна. УЕФА немаше милост и му одреди суспензија од три меча во Лигата на шампионите.

 

„Дисциплинското и етичко тело на УЕФА одлучи да го суспендира Џанлуиџи Буфон со три меча неиграње во Лигата на шампионите“, гласи кратката официјална објава на УЕФА.

 

Тоа е голем удар за голманот, кој очекуваше максимум два меча казна, па сега останува да се види каква ќе биде неговата одлука, но и на ПСЖ.

 

ПСЖ не е подготвен да плати 8 милиони евра годишно за ветеранот, а тој да ја пропушти половина групна фаза, бидејќи е јасно дека го носат во своите редови се со цел да донесе искуство и квалитет во најелитното фудбалско клупско натпреварување.

 

Сепак, ако вложат жалба, можеби казната ќе биде и смалена.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien