ВИДЕО – Јакимоска : Нашата визија е да направиме европски клуб од Победа, достоинствена за фудбалски Прилеп

Нашата визија и мисија за наредната полусезона е да се направи европски клуб од Победа, достоинствена за фудбалски Прилеп, достоинствена за Македонија. Ова денеска на прес конференција го изјави претседателката на ФК Победа, Ирена Јакимоска, која потенцираше дека нажалост се изгубило многу време чекајќи ги резултатите од оваа утакмица за да може да се направи организациониот план за нова структура во клубот

 

 

„Во принцип јас секогаш функционирам со успесите по потешкиот пат, но се надевам дека овој пат нема да биде така и нема да биде практика во Победа. Нашата визија и мисија за наредната полусезона е да се направи европски клуб од Победа, достоинствена за фудбалски Прилеп, достоинствена за Македонија. Пред се мора да се постави систем во клубот. Кога ќе имате систем тогаш клубот клубот нема да зависи од ликови, на пример што доколку Ирена не е тука, клубот не смее да прекрати да функционира. Во наредниот временски период ќе биде изготвен тој систем и буџетот врз основа на кој што управата ќе си го создаде новиот тим. А ќе се дефинираат и правилата на однесување во клубот генерално. Она што јас сакам да го истакнам е дека јас не бев во можност физички да бидам присутна во Струмица  на баражот, но цело време бев во тек што се случува таму. Дефинитивно се заблагодарувам на ФФМ за добрата организација на натпреварот и се надевам на долгорочна и плодна соработка како и досега“, истакна Јакимоска.

 

Ирена Јакимоска в.д. претседателката на ФК Победа

 

Јакимоска сепак прокоментира дека во второто полувреме со Борец имало неетички постапки на судиите.

 

„Лично сум информирана за второто полувреме кога малку неетично е судено при правилата, меѓутоа тоа е завршено, сметам дека повеќе нема да партиципираме во таквии натпревари, се надевам дека ова нема да биде повеќе искуство, ниту за Победа, ниту за сите други. Затоа што   ако некој ви дал право да судите, мора да бидете одговорни за постапките кои ги носите. Она што е клучно и најбитно е дека опстанавме. Навистина сега имаме премногу работи и обврски за да ги поставиме работите на она ниво, на кое што треба, односно да направиме професионален клуб, пред се во интерес на сите млади кои се дел од таа академија, пред се за интерес на фудбалот во Прилеп и Македонија“, додаде Јакимоска.

 

Во септември се подготвувало да се организира голема забава на која било планирано да присуствуваат сите оние кои за изминатиов временски период придонеле Победа да биде тоа што е.

 

„Сакам да најавам дека планираме клубот во септември да направи еден вид на собир или забава каде што ќе бидат поканети сите оние кои низ сите овиие години партиципирале во градењето на клубот. Со тоа потврдуваме дека клубот е на градот на прилепчани на сите тие кои бииле дел од ова, како ииграчи, тренери, управа, г-динот Ацуле кој дал премногу за Победа, сите легенди, дури и тие кои се надвор од Македониија ќе ги повикаме да учествуваат на таа забава каде ќе им дадеме чест и почит и кажеме дека клубот е на градот и конечно да ги надминиме личните, политичките или било какви интереси, да не се манипулира со клубот за да опстаниме како фудбалски град“, вели Јакимоска.

 

Тони Мегленски, тренер на ФК Победа

 

Тренерот Мегленскии нагласи дека Победа е клуб каде што не смее да има повеќе импровизации. Мора да се воспоставии систем за да клубот во иднина не зависи од никого и мора личните интереси од било кого да се тргнат на страна, бидејќи клубот е градски и на цел Прилеп.

 

„Ние во соблекувалната се што се договоривме излезе така. Од моја страна фудбалерите имаа забрана да изнесуваат информации затоа што на некој начин околу клубот имаше насобрано некаква голема негативна енергија, се надевам дека тоа понатаму нема да го има и сум задоволен од постигнатиот успех. Ако може да се каже успех, затоа што за мене е успех само излез во Европа. Затоа што Победа е едиинствен клуб кој никогаш не отпаднал од прва лига, зборувам од прва лига, едиинствен во Македонија, и се надевам дека понатаму ќе имаме само успеси. Исто така сакам да се заблагодарам, на сите играчи кои што помогнаа во овој успех. Затоа што само ние во соблекувалната знаеме на што се бевме изложени во овој месец и половина. Исто така сакам да се заблагодарам на управата, затоа што откако јас сум во клубот ретко се вовело ваков професионализам“, вели Мегленски.

 

Благоја Гешоски, фудбалер во Победа

 

 

Фудбалерите се надеваат дека наредната сезона ќе биде многу подобра за нив и дека ќе направат една подобра екипа.

 

„Сакам да се заблагодарам до управата, спонзорите, му честитам на Тони Мегленски за успехот што останавме во прва лига и сакам да кажам дека поминавме една тешка сезона, се надевам дека наредната сезона ќе биде многу подобра дека ќе направиме една подобра екипа и дека ќе се бориме за излез во Европа. Пред се сакам да се заблагодарам на играчите бидејќи сите знаат дека ја остваривме целта на многу тежок начин, мислам дека сепак на крајот излеговме ние како победници“, вели Благоја Гешоски, фудбалер во Победа.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи