ВМРО-ДПМНЕ : Вакво безидејно и деструктивно владеење на СДС не памети македонската историја

Во изминатава една година кога во Македонија на власт е СДС научивме дека никој не се грижи за интересот на граѓаните, а функционерите сами се дематираат по потреба од изјавата која што ја даваат во медиумите. Реагираат од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ на демантот од О.О. СДСМ Прилеп на нивната прес конференција.

 

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

 

На нашата денешна прес-конференција алармиравме дека Прилеп и околните населени места остануваат без лабораториски центар каде можат да извршат проверка на крвта, соодветно на изјавата на министерот за здравство Филипче. Тој изјави дека вакви лабораториски центри ќе има во Скопје две централни лаборатории, на клиничка биохемија и болницата 8 септември, и по една во регионалните центри Куманово, Штип, Струмица, Тетово, Битола и Охрид.

 

Денес од О.О. на СДСМ од Прилеп го дементираат нивниот министер по потреба да ја излажат јавноста со соопштение во кое тврдат дека во Прилеп ќе останат да функционираат лабораториите!

 

Престанете да манипулирате со граѓаните. Престанете да манипулирате со здравјето и животот на нашите сограѓани.

 

Вашата видлива некоординираност, збунетост и неспособност е кобна за здравјето на граѓаните и судбината на целокупниот систем во државата. Македонија за само една година доживува колапс на секое поле.

 

Вакво безидејно и деструктивно владеење не памети македонската историја. Наместо да укинувате-отворајте. Наместо да уништувате-создавајте. Во оваа една година не се случи ниту една инвестиција во здравствениот систем. Набројте ги проектите кои барем ги имате планирано и предложено до соодветен финансиер?! Ваквото безидејно владеење е на штета на сите!

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien