Македонија со најдобар пласман во последните десет години на ФИФА ранг листата

Најдобрата фудбалска селекција на Македонија напредуваше за шест позиции на најновата ФИФА ранг листа и со тоа го забележа најдобриот пласман во последните десет години.

 

Македонија иако не одигра ниту еден натпревар сепак забележа добар скок, а овој момент на 71 позиција имаме собрани 451 поен. Eдна позиција пред нас се наоѓа домаќинот на претстојниот Мундијал, селекцијата на Русија.

 

 

Меѓу најдобрите десет нема многу промени. Германија е прва, по неа следуваат Бразил, Белгија, Португалија, Аргентина, Швајцарија, Франција, Полска, Чиле и Шпанија.

 

Од противниците на Македонија во Лигата на нациите репрезентацијата на Ерменија е рангирана на 100. место, Лихтенштајн е рангиран на 180. позиција, додека пак Гибралтар е 195ти на ФИФА ранг листата.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien