Мистериозна болест ги нападнала американските дипломати во Кина

Стејт департментот повлече група дипломати од градот Гуангџоу во Кина поради загриженост дека страдаат од мистериозна болест што личи на оштетување на мозокот. Информацијата ја објави портпаролката на Стејт департментот, Хедер Науерт, додавајќи дека станува збор за слична симптоматологија како онаа што лани ја претрпеле и дипломатите од Куба.

 

Според нејзините зборови, откао е потврдено дека дел од вработените имал „медицински инцидент“, Стејт департментот распоредил свои експерти да вршат надгледување на дипломатите и на членовите од нивните семејства.

 

Њујорк тајмс објави дека најмалку двајца американски дипломати се повлечени откако се разболеле слушајќи „чудни звуци“ во Кина.

 

Минатата година неколкумина вработени во американската амбасада во Куба и членови на нивните семејства, исто така беа повлечени од земјата откако кај нив биле забележани оштетувања на мозокот, кои САД сметаат дека се предизвикани од „чудните звуци“. Случајот ги влоши односите меѓу Куба и САД.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien