СДСМ : Прилеп ќе биде еден од 9-те градови каде ќе има централна лабораторија

Петар Ристески, поранешниот директор на прилепската болница и старо – нов координатор на ОК ВМРО ДПМНЕ, продолжува со старата пракса на ширење лаги и дезинформации со цел да ги заплаши граѓаните на Општина Прилеп, велат во денешната реакција од О.О. СДСМ Прилеп.

 

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Прилеп ќе биде еден од деветте градови во Република Македонија каде ќе има централна референтна лабораторија за испитување на крв. Граѓаните од Општина Прилеп и околните места ќе можат редовно и навремено да вршат испитувања на крвта во прилепската болница и здравствениот дом.

 

Со одговорниот пристап на Владата предводена од СДСМ се зајакнува здравствениот систем и се подобруваат услугите за граѓаните.

 

Изнесените манипулации од страна на Петар Ристески, се само одраз на нервозата и безидејноста, затоа што останува запаметен како продолжена рака на 12 годишните криминални политики на Груевски и Тодоров со кои се уништи здравството во Прилеп и државата.

 

Прилепчани не ја забораваат катастрофаланта сосотојба во која Ристески ја остави болницата. Милионски долгови, без елементарни услови за работа на докторите, партиска превработеност.

 

Нема да дозволиме истрошените и неуспешни политичари како Петар Ристески да го кочат развојот на Општина Прилеп“, велат од О.О. на СДСМ Прилеп.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи