Презентација на новиот реформски План 18

Facebook
Twitter
Email
Print

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска во Скопје одржа презентација посветена на содржината, имплементацијата како и значењето на новиот реформски План 18 на Владата на Република Македонија, потенцирајќи дека реформите во правосудството се еден од доминантите сектори во Планот 18.

 

Планот 18 и натаму ќе се фокусира на основните столбови на 3-6-9, каде освен правосудството се и реформите во јавната администрација и безбедносните служби, но ќе биде насочен и на борбата против корупцијата и организиран криминал, улогата на медумите, слободата на говор, улогата на граѓанското општество, борбата против нелегалната миграција.

 

Појасни дека со Планот 3-6-9 е направена рамка, донесени беа стратегиите, со акционите планови, со десетици закони кои треба да го реформираат системот, а со новиот План 18 продолжува усвојување на законите, но во него ќе бидат содржани сите препораки од извештајот на ЕК. Планот нема да се фокусира само на политичките критериуми, туку и на економските.

 

„Планот 3-6-9 успешно ни ја донесе чистата девета препорака за почеток на преговори, но ние јасно дадовме до знаење дека реформите не ги разбираме и самиот процес на евроинтеграција не го разбираме како технички процес на донесување мерки, туку како суштински процес на транформација на општеството во европско, со цел граѓаните да живеат во европски вредности“, вели вицепремиерот.

 

Планот денеска Османи ќе и го презентира и на опозицијата, која, како, што кажа треба да биде вклучена во овие реформски процеси.

 

„Денеска имам состанок и со опозицијата, ќе им го презентирам Планот и ќе се обидеме да ги вклучиме во процесот, бидејќи овој проект на ЕУ не е ниту партиски, ниту владин, тоа е генерациска обврска, дадена од граѓаните на Република Македонија, независно од етничката или партиската припадност“, нагласи вицепремиерот.

 

Вицепремиерот Османи деновиве и во Брисел го претстави Планот 18, а со предвидените мерки беше запознаена и високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската Комисија, Федерика Могерини.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи