ВИДЕО – Златко Ангелески од Прилеп поседува над 120.000 поштенски марки и 15.000 разгледници од целиот свет

Филателија – љубов кон собирање поштенски марки и филокартија – љубов кон собирање поштенски разгледници. Со ова ретко хоби отец Златко Ангелески од Прилеп се занимава од свои 10 години и преку него ја изучувал географијата и историјата на земјите.

 

Преки социјалните мрежи денес е во постојан контакт со филателисти и филокартисти од целиот свет. Досега има собрано 120.000 поштенски марки и околу 15.000 поштенски разгледници. Една од најдрагите марки му е секако првата марка во независна Македонија.

 

Филателијата подразбира и тематско собирање на марки, на пример само спорт, потоа само наука, портрети, флора и фауна. На почетокот Ангелески собирал марки со уметничка и религиозна тематика, а денес ги собира сите видови на поштенски марки. Марките ги чува во посебни албуми, а разгледниците во кутии, има добиено картички и од најоддалечените места во светот, каде едно писмо за да пристигне таму се чека со месеци.

 

Ангелески најголемата убавина во ова хоби ја гледа во тоа што запознаваш и контактираш со луѓе буквално и од најоддалечените места во светот. Негова крајна цел е да има разгледница и марка од  сите држави во светот, за ова му недостасуваат само уште неколку.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien