ВИДЕО – Дарковска : Не е вистина дека во подрачното училиште „Добре Јованоски“ нема услови за настава

По обвинувањата на НВО РОМА СОС дека во подрачното училиште „Добре Јованоски“ во Прилеп нема основни услови за изведувања на настава и дека поради тоа еден од учениците со тешки повреди на ногата завршил на операција поради тоа што му паднал дел од оградниот ѕид, од училиштето денеска ги демантираа овие наводи и дозволија снимање во објектот. Директорката изјави дека на ученикот не му паднал дел од надворешниот ѕид, како што беше тврдено, туку дека поради невнимание тој паднал од ѕидот додека се искачувал сакајќи да го види своето куче.

 

 

„Ученикот излегол надвор од објектот, се качил на ограда висока 2 метри и во обид да види каде се наоѓа кучето, паднал на другата страна на оградата при што удрил во шахта на улицата. Што значи инцидентот не се случил во училиштето и поради руинираност на објектот туку поради тоа што учениот не ги следел препораките на наставничката и самоиницијативно излегол од училишната зграда“, истакна Сузана Дарковска, директор на ООУ „Добре Јованоски“ – Прилеп.

 

Од училиштето сепак признаваат дека поголем дел од условите за работа биле подобрени дури откако РОМА СОС на 5 март доставило претставка за тоа, а за одредени неправилности после тоа укажал и државниот просветен и санитарен инспекторат.

 

„Значи во тоалетите ламбите нон стоп ги кршеа, се постави осветлување со сензори. Што имаше некои тулички во самиот ќош кај гаражите, каде се внесуваат дрва комплетно се исчисти. Во самиот објект немаше вода, обејектот не е наш, го користиме под кирија, направивме напори, добивме дозвола да се внеси вода. Вратата од стражарницата беше падната, тргната на страна, за да не влегуваат децата се прицврсти вратата. На шахтите дополнително се ставија катанци“, додава Дарковска.

 

Според Дарковска ова лето ќе се поставела и соодветна сообраќајна сигнализација околу училиштето, а било побарано од државата овој објект да стане сопственост на училиштето за да може целосно да биде реновиран.

 

Од РОМА СОС велат дека сепак подобрувањето на хигиената не е трајно решение затоа што овој објект пред се не бил училиште туку Центар за воена обука и немало согласност од родителите учениците да бидат преместувани тука во 3 и 4 одделение. Остануваат на ставот за затворање на овој објект.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien